Вести

Нови проблеми за Елон Маск - се одложува заминувањето на Марс

27. јануари 2019 - 14:43 | МИА/КАЈГАНА

Елон Маск ,основачот и директор на Tesla Motors и SpaceX, соопшти дека неговото летало Starship е оштетено поради силните ветрови во Тексас и дека за санација ќе бидат потребни неколку недели.

На социјалните мрежи набрзо беше објавена фотографија на која се забележуваат сериозни оштетувања во предниот дел на леталото.

Маск во декември минатата година го најави Starship – новото име на огромната ракета што претходно беше позната како BFR, а треба да пренесува патници во Вселената, околу Месечината, па сѐ до Марс.

Тогаш, беше објавено дека само „носот“ на ракетата има неколку катови, како и дека леталото ќе има 18 нивоа.

Starship е тест верзија на оригиналното летало, направена за пробни лансирање и не станува збор за вселенски брод што ќе лета во Вселената, туку за летало што може да полета вертикално, до висина од околу пет километри.

 

Коментирај