Sony најави дека на 24-ти јануари ќе лансира нова едиција на PlayStation, наречена Glacier White.
Станува збор за слим варијанта на конзолата, која хардверски е нешто послаба верзија (хард дискот не е 1 терабајт, туку 500 гигабајти), но од друга страна доаѓа со најубав изглед до сега и цена пониска за 50 долари.
Редизајнираната „глечер” конзола, со контролер кој ги врати боите на PlayStation логото, ќе се појави прво во Јапонија, па потоа ќе биде објавен датумот на нејзиното лансирање во другите земји.