THE BOSS IS BACK

Новиот BMW X5 претставен во Македонија

Оригиналниот BMW X модел, BMW X5 е помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите претходници.

Годината на BMW X моделот, достигнува уште еден врв. По претставувањето на првиот BMW X2 и новиот BMW X4, новото издание на оригиналниот BMW X модел е сега подготвено за акција. Спортски, а лукзузен, помоќен и подоминантен од кога било, новиот BMW X5 ја доживеа својата македонска премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави четвртата генерација на моделот BMW X5.

Првиот BMW X5 беше претставен уште во 1999 година. Во меѓувреме, BMW X5 и целото семејство BMW X модели испишаа уникатна успешна приказна. Првата генерација на BMW X5, предокот на сите SАV возила, веќе има продадено околу 620.000 возила насекаде низ светот.  Во втората генерација, продажбата се зголеми на речиси 730.000 возила. А со третата генерација, оваа бројка се искачи на 760.000 возила. Со повеќе од 2,1 милиони возила продадени досега, BMW X5 го оправдува својот прекар „ТHE BOSS“ и евидентно е неговото значење за брендот BMW. Денес, новиот BMW X5 е на пат да го отвори следното поглавје на оваа успешната приказна со уште помоќен и динамичен дизајн, удобност и најголем избор досега на системи за помош за возачот, со кои прави чекор поблиску до автоматизираното возење, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Четвртата генерација BMW X5 импресионира со изобилство иновации и го претставува најубедливото отелотворување досега, на познатото оригинално SАV возило: моќен и доминантен X дизајн, екслузивна внатрешност, нагласена спортска активност како и многубројни карактеристики што ги нагласуваат X комфоротот и удобноста.

Тој е прв модел на брендот кој може да се отклучи со BMW DIGITAL Key преку паметен телефон. Исто така, за прв пат кај BMW X5 се воведува BMW Live Cockpit Professional (вклучен како стандарден) кој претставува доследен чекор кон целосна дигитализација и ја нагласува модерната внатрешност. Возачот ги има соодветните информации во секоја ситуација, во вистинското време на контролниот дисплеј и на целосно дигиталниот инструмент кластер – и двата со големина од по 12,3 инчи.

Сето ова е проследено со просторната внатрешност што им нуди на патниците не само луксузен комфор при патувањето туку највисок степен на функционалност. Најголемите новости во овој дел се системите на потпирање со кои уште поинтензивно и поспецифично можат да се оптимизираат комфорот, спортското чувство и теренските перформанси.

За поголема инивидуализација, фабрички се достапни две алтернативи на основната варијанта xLine кој што ја нагласува снажната многустраност на новиот BMW X5. Дополнително, M Sports пакетот ги нагласува динамичните квалитети на возилото на патот и интензивното искуство на возење обезбедено во внатрешноста.

Новиот BMW X5 ќе има 4 достапни мотори – два дизел и два бензински.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Авто новости

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Read more

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more
 

Автомобили

  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе