Авто новости

Новиот Civic Type R официјално ќе биде претставен во Женева

17. февруари 2017 - 14:26 | Д.П.

По прототипот кој беше прикажан на саемот во Париз минатата година, Honda на претстојниот автомобилски саем во Женева ќе го претстави својот сериски модел.

За разлика од претходникот, овој пат Type R беше развиван паралелно со новата генерација на стандардниот Civic хечбек, па фановите не чекаа долго време да се појави.

Јапонската компанија се уште ги крие спецификациите за овој модел, но познато е дека под хаубата ќе се крие 2.0 литарскиот VTEC турбо бензински мотор, кој би требало да испорачува повеќе од 310 коњски сили, колку што развива и актуелниот Civic Type R.

Со оглед на тоа дека во последно време прототипите на јапонскиот бренд не се разликуваат многу од подоцнежните сериски модели, очекувањата се дека нема да има голема разлика во однос на дизајнот на моделот прикажан во Париз.

Новиот Civic Type R ќе се произведува во Британија, а првите примероци ќе стигнат на пазарот во текот на 2017 година.  Покрај европскиот и јапонскиот пазар, Civic Type R за прв пат ќе се појави и на северноамериканскиот пазар.

Коментирај