Интернет

Новиот тренд на Instagram: Знаете ли што е „hygge“?

29. декември 2016 - 16:00 | Д.П.

Овој пат не станува збор за некаков предизвик, туку за едноставен тренд што инстаграм корисниците го обожаваат. Со зимата и студеното време, пристигна и овој тренд во кој корисниците на оваа мрежа место слики од интересни места и новогодишни забави, се почесто објавуваат фотографии од својот дом, сликани облечени со топла облека и со топол пијалок во рацете.

Ваквите фотографии ги објавуваат под хаштагот „hygge“ кој е дански збор што во превод значи топлина и удобност.

Сигурни сме дека за празниците ќе имате моменти во кои ќе сакате да седите дома покриени со дебело ќебе или пак облечени во некој убав и дебел џемпер, па ако планирате селфи од тоа искористете го хаштагот „hygge“ и приклучете се на трендот што веќе го следат милиони луѓе.

 

 

Lazy mornings Knitted jumper, tea, a good book and little Pumpkin

A photo posted by Isabella Thordsen (@isabellath) on

Коментирај