Бизнис

Новите хартиени сламки на McDonald's не може да се рециклираат

5. август 2019 - 15:41 | МИА

Лондон, 5 август 2019 (МИА) – Новите хартиени сламки на McDonald's, за кои американската компанија за брза храна ги опишува како еколошки, не може да се рециклираат, објави BBC.

McDonald's минатата година ги исфрли од употреба пластичните сламки во сите свои ресторани во Велика Британија, иако можеа да се рециклираат, во согласност со еколошките одлуки.

Но, американскиот гигант за брза храна наведува дека новите хартиени сламки може да се рециклираат, но поради нивната дебелина процесот е отежнат.

– Како резултат на повратни информации на купувачите ги зајакнавме хартиените сламки, така што иако материјалот може да се рециклира, нивната моментна дебелина го отежнува процесот, изјави портпаролот на McDonald's.

Хартиените сламки ги произведува Transcend Packaging во јужниот дел на Велс.

И дел од клиентите на McDonald's изразија незадоволство од новите сламки, наведувајќи оти тие се топеле пред да го испијат пијалакот, а посебно милкшејкот.

– Компанијата соопшти дека работи на изнаоѓање на решение, а 51.000 конзументи потпишаа петиција за враќање на пластичните сламки во рестораните.

Коментирај