Новите модели Galaxy S22 се направени од стари рибарски мрежи и морска пластика

Сега се зборува и за тоа од што се направени телефоните, а информацијата е интересна бидејќи од рендерот не можеше многу да се заклучи.

Протекоа многу информации за моделите на Galaxy S22 кои пристигнуваат на 9 февруари, а најновата се однесува на „новиот материјал“ што Samsung го користи за изработка на телефоните.

Уште во октомври 2021 година можеше да се слушне за чипсети за новите телефони Galaxy S22, Galaxy S22+ и Galaxy S22 Ultra, па беше напишано дека тие треба да пристигнат со Qualcomm Snapdragon или Samsung Exynos чипсет, во зависност од регионот во кој ќе се продаваат.

Компанијата на 18 јануари објави дека пристигнува Exynos 2200, а оние кои ги добија податоците ја потврдија и листата на пазари на кои ќе се појави.

Телефоните Galaxy S со Qualcomm Snapdragon чип традиционално се резервирани за САД и Кина, а со Exynos за Европа. Податоците кои се појавија во јануари потврдија дека тоа треба да биде случај и овој пат, што значи дека на Балканот пристигнува нов телефон на Samsung засилен со чипсет Exynos 2200.

Сега се зборува за тоа од што се направени телефоните, а информацијата е интересна бидејќи од рендерот не можеше многу да се види. Се испостави дека Samsung направил „нов материјал“, а станува збор за материјал кој е направен од пластика од рециклирани рибарски мрежи.

Компанијата најави дека рециклиран отпад од морето и океанот наскоро треба да се најде во сите нови уреди, а првиот пример се моделите на Galaxy. Сепак, сè уште не е познато колкав процент од рециклирани материјали ќе се најде во телефоните Galaxy S22, и во кои делови.

Обединетите нации предупредуваат дека секоја година во океаните и морињата се испуштаат околу 640 илјади тони рибарски мрежи кои го загрозуваат живиот свет. Собирањето и рециклирањето на овие материјали е важен чекор во борбата против загадувањето, а Samsung одлучи да учествува во тоа.

Remote video URL
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе