Новите скафандри за руските космонаути имаат само една маана

Русија ги претстави новите скафандри за космонаутите во вселената, но најверојатно дизајнот ќе мора да претрпи измени.

Новите вселенски одела имаат една маана – го попречуваат остварувањето на една традиција што важи со децении: застанувањето по пат кон лансирната рампа за да може космонаутите да „пуштат вода“.

Прототипот Сокол-М беше дизајниран како замена за скафандрите што досега се користеа при лансирање кон Меѓународната вселенска станица во вселенското летало „Сојуз“.

Леталото „Сојуз“ што се користи од 60-тите полека ќе биде исфрлено од употреба и заменето во следните неколку години, со моделот „Федерација“.

Производителот на скафандрите, компанијата „Звезда“, соопшти дека оделата ќе бидат изработени од нови материјали и прилагодливи за различни величини.

Меѓутоа, новиот дизајн оневозможува да се изведе еден специфичен ритуал што го почна првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, кој морал да „се олесни“ на задното тркало на автобусот што го носел кон лансирната рампа во 1961 година.

Застанувањето со автобусот за да може космонаутите и астронаутите да уринираат на пат кон лансирната рампа Бајконур станало традиција и еден вид ритуал за среќа. Но, тоа нема да може да го прават во новиот скафандер.

Жените космонаути и астронаути не се обврзани да учествуваат во ритуалот, иако некои од нив носеле урина во садови и епрувети и ја истурале на задната гума, чисто „за среќа“.

„Не сум сигурен дека ќе може да ја продолжат традицијата, бидејќи новиот модел нема шлиц“, изјави директорот на „Звезда“ Сергеј Поздњаков.

„Ги добивме спецификациите за дијзанот. Не ни беше нагласено дека мора да има шлиц за уринирање. Ќе мора да се направат измени“, додаде тој.

Моделот Сокол-М има еден дијагонален патент, а моделот што се користи сега, Сокол-К, има V шлиц кај меѓуножјето.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе