Обама ги поддржа протестите против Трамп

Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој пред само десет дена се отсели од Белата куќа, во понеделникот во писмена изјава ги поддржа протестите против неговиот наследник на должноста Доналд Трамп, истакнувајќи дела „во прашање се американските вредности“, објави неговиот портпарол Кевин Луис.

Неспоменувајќи го директно Доналд Трамп, портпаролот Кевин Луис изјави дека Обама бил „радосен од големата вклученост на американските државјани и нивото на вклученоста на (луѓето во јавниот живот) низ целата земја, и дека длабоко се согласува со протестите против дискриминацијата на поединците само поради нивната вера“.

„Фатот дека граѓаните го искажуваат своето уставно право на собири, да се организираат и да го кренат гласот за да ги слушнат избраните функционери, е токму она што го очекуваме во моментот кога американските вредности се доведени во прашање“.

Обама пред заминувањето од Белата куќа изјави дека ќе се воздружува од политички расправи, освен „доколку не биде мината границата“. На последната прес-конференција на 18-ти јануари изјави дека тоа се однесува на „системската дискриминација, ускратувањето на правото на гласање, обидите за замолчување на неистомислениците и новинарите, обидите за протерување на децата што израснале во Америка и кои во секој поглед се американски државјани“.

Во петокот Трамп го потпиша указот „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави: Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан.

Указот, исто така, и им наложува на Стејт департментот и на Министерството за национална безбедност да го суспендираат распоредувањето на бегалците по сојузните држави на 120 дена, како и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.

Исто така, значително е намалена квотата за прифаќање на барателите на азил во САД во фискалната 2017 година, која таму започнува во октомври 2016 година, на не повеќе од 50.000, од претходно планираните 110.000.

Десетици илјади луѓе вкупно се собраа во неделата во американски градови и на меѓународни аеродроми протестирајќи против таквата одлука. Во Њујорк, Вашингтон и Бостон вториот бран протести започна во неделата попладнето, по оние во саботата откако надлежните служби започнаа да ја применуваат директивата на Трамп.

Во Велика Британија околу 1,3 милиони луѓе ја потпишале петицијата со којашто ја повикуваат премиерката Тереза Меј да ја повлече поканата Доналд Трамп да го посети Лондон и да се сретне со кралицата Елизабета Втора.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе