Музика

Обдукцијата покажа дека смртта на Џорџ Мајкл е „нејасна“

30. декември 2016 - 17:59 | Макфакс

Обдукцијата којашто требаше да ја потврди причината за смртта на пејачот дала „нејасни“ резултати, јавува BBC повикувајќи се на полициски извори.

Сега треба да бидат спроведени дополнителни испитувања за да се утврди што довело до неговата смрт, соопшти полицијата, а резултатите ќе бидат познати дури за неколку седмици.

Смртта на Џорџ Мајкл сé уште се води како необјаснета, но не и сомнителна.

Славниот британски поп пејач Џорџ Мајкл почина во неделата во својот дом во Оксфордшир во 53-та година.

Коментирај