Објавен првиот трејлер за играниот филм „Downton Abbey“
Одлична вест за сите обожаватели на „Downton Abbey“ – објавен е првиот трејлер за истоимениот игран филм, работен според популарната ТВ-серија.
Креаторот на серијата Џулијан Фелоус го напиша сценариото за филмот и исто така е копродуцент.
Историската ТВ-драма заврши со емитување во 2015 година по шест сезони. Филмот ќе има премиера во Велика Британија на 13 септември, а во САД на 20 септември.