Објавена епизодата од Carpool Karaoke со Честер Бенингтон, снимена шест дена пред самоубиството
Еден од начините да се справите со болката по загуба на блиска личност е да се потсетите на добрите времиња што сте ги поминале заедно. Речиси три месеци по смртта на Честер Бенингтон, неговиот бенд „Линкин Парк“ ја сподели целосната епизода од Carpool Karaoke снимена на 14 јули (помалку од една недела пред неговото самоубиство) и атмосферата во видеото ја поддржува изјавата на неговата сопруга дека депресијата нема само еден лик.
Во епизодата, Честер се смее, зборува за децата, пее и општо, се забавува со колегите од бендот и Кен Јоенг.
Видеото почнува со пораката: „Со благослов од семејството на Честер и неговите колеги од бендот, ја споделуваме оваа епизода и ја посветуваме во спомен на Честер.“.