Наука

Објавена фотографија од новата најмоќна ракета на светот

29. декември 2016 - 13:05 | Д.П.

Компанијата SpaceX објави интересно новогодишно изненадување во форма на фотографија од својата нова ракета Falcon Heavy. Ракетата во вселената ќе може да носи товар од 54 тони, што е еквивалентно на Boeing 737 полн со патници, екипаж, багажник и гориво.

„Кога FH ќе полета следната година, тоа ќе биде најмоќната оперативна ракета во светот“ - соопшти компанијата.

Ракетата е предвидена за носење на луѓе и товар во вселената, а ја отвора и можноста за носење луѓе до Марс.

Првото лансирање беше планирано за 2016 година, но поради експлозијата на Falcon 9, беше одложено за 2017 година.

Ако лансирањето биде изведено во 2017 година и ако се помине како што треба, SpaceX ќе биде пред НАСА која планира својата ракета за превоз на тежок товар да ја лансира во текот на 2018 година.

Иако може да носи двапати повеќе товар од конкурентите, Falcon Heavy сепак нема да биде рекордер. Рекордот за најголем товар го носи ракетата Saturn V која последен пат полета во 1973 година и успеа да лансира во орбитата товар од 130 тони.

 

Коментирај