Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно, со пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот и во западните делови.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 31 степен.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.