Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, каде ќе достигнува брзина и над 50 км/час.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 15 до 26 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.
УВ индексот ќе изнесува 5.
Во среда ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.