Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на места нестабилно со пороен дожд и локална појава на грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 16 и дневна до 27 степени.
УВ индексот ќе изнесува 5.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Стабилизација на времето се очекува од вторник.