Македонија

Облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи

9. јуни 2016 - 8:21 | Макфакс

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 13 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 26 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Во текот на утрешниот ден времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено во западните делови од земјава. За време на викендот ќе биде претежно стабилно и потопло. Од недела попладне до вторник повторно ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. 

Коментирај