Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со сончеви периоди особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -10 до -2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од -4 до 4 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -5 и дневна до 1 степен.
За време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање и насекаде под нулата.