Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а дневните температури ќе бидат во интервал од 14 до 24 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 11 степени и дневна температура до 22 степена.
УВ индексот ќе изнесува 5.
Од четврток ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места и студени утра. Ќе дува умерен северен ветер.