Во јужните делови претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -23 до -9, а дневните ќе бидат во интервал од -10 до -3 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура до -18 и дневна до -6 степени.
До четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок.
Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.