Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. На запад на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер со брзина и над 70 км/час.
Утринските температури ќе се движат од -2 до 3 степена, додека дневните ќе бидат во интервал од 4 до 14 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 13 степени.
Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови, каде се очекува повеќе од 50 см нов снег. Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер.
Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.