Времето во вторник ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во северните и источните делови.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната до 29 степени.
Во Скопје и околината претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб дожд, а попладне ќе биде нестабилно со појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 26 степени.