Променливо облачно со повремен локален дожд, почест во западните и во северните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 5 до 11 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 15 степени.
УВ индексот ќе изнесува 5.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, во попладневните часови со локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. До четврток ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.