Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 7 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 12 степени.
за време на викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло. Во недела попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час, а ќе има и повремен локален дожд.