Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локалени врнежи од дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб, а на повисоките места умерен ветер, претежно од западен правец.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 1 до 14 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 9 степени.
Во наредните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.