Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 7 до 17 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време, со температура до 13 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен јужен ветер.