Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, каде на повисоките планини ќе има и повремен снег.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 5, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 18 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 14 степени.
Од недела следува период од променливо облачно време со сончеви периоди и со пониски утрински температури.