Променливо облачно, во северните делови ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -8 до -1 Целзиусов степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 6 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време, што ќе услови топење на снежната покривка.