Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, претпладне со повремен локален дожд, претежно во западните и јужните делови.
На повисоките планини (надморска височина над 1800м) на запад, врнежите ќе поминуваат во снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 11, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 8 до 15 степени.
Во Скопје и околината променливо облачно, студено и ветровито. Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Од попладне следува период на претежно стабилно време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат под нула.