Променливо облачно, во југозападните и североисточните делови ќе има слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На запад ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено на планините.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 6, а дневните од 5 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со највисока дневна температура до 9 степени.
Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.