Облека, постелнина, завеси – колку често треба да ги перете?

Истражувањата покажуваат дека 90% од облеката што ја переме всушност не е валкана, а некои други работи, пак, не ги переме доволно често.

Со цел да заштедите време, енергија и пари, а и да го задржите сјајот на облеката подолго време, научете што треба да перете поретко, а што почесто.

Хеланки и фармерки

Со често перење на фармерките, џинсот го губи обликот и бледнее, па за кратко време нема да изгледаат онака како што изгледале како кога сте ги купиле.

Дури и Чип Берг, директорот на компанијата Levi’s која го произведува овој култен бренд за фармерки, препорачува никогаш да не го перете џинсот во машина за перење и да ги перете што е можно поретко. Тој тврди дека не ги испрал неговите фармерки во машина за перење веќе десет години.

Нема потреба да ги перете после секое носење. Доволно е да ги превртите, да ги накиснете во ладна вода, да ги оставите да отстојат со малку детергент и да ги исперете рачно.

Од друга страна, хеланките како парче облека се носат прилично припиен до кожата и впиваат многу пот, што значи дека задржуваат многу повеќе бактерии.

Ако ги носите секој ден, перете ги на 2-3 дена, а хеланките со кои вежбате перете ги на соодветна температура после секој тренинг.

Градници, спортски и обични

Една третина од жените ги перат градниците еднаш на две недели, а останатите уште поретко, под услов да не го носат истиот градник секој ден.

Тоа е сосема ок и се препорачува да не се носи истиот градник секој ден за да се пере поретко и со тоа да му се продолжи животниот век.

Сепак, спортските градници мора да ги перете по секое носење. Истото важи и за обичните, ако сте биле многу испотени.

Качкети и зимски капи

Ако носите капа секојдневно треба да ја перете еднаш неделно или на две недели, но ако ја носите сезонски доволно е два-три пати во сезоната.

Качкетите треба да ги перете исклучиво рачно во ладна вода, два пати во сезоната.

Постелнина и навлаки за перници

Прашината што се наталожува на постелнината е „мамка“ за бактерии, вируси и други штетни микроорганизми кои може да бидат причина за алергиски реакции, потешкотии со дишењето... За да го избегнете тоа менувајте ја постелнината на секои 10 дена.

Особено внимание обратете на навлаките за перници, нив треба да ги менувате почесто -  најдобро на 4-5 дена. Некои дерматолози препорачуваат да се менува навлаката за перница секој ден, но да не се претерува со перење на високи температури и со детергенти и омекнувачи со силен мирис.

Јакни и капути

Јакните не треба да ги перете почесто од еднаш на три месеци и тоа во ладна вода. Тие не доаѓаат во директен контакт со кожата, така што не е потребно пречесто перење.

Капутите, во зависност од материјалот, најдобро е да ги однесете на хемиско чистење, а не да ги перете на рака или во машина за перење.

Завеси и драперии

Драпериите треба да ги перете еднаш или два пати годишно, во зависност од тоа колку често ги чистите со правосмукалка во меѓувреме.

Завесите треба да ги перете најмалку еднаш на шест месеци бидејќи на нив се лепи прашина кога ги отворате прозорците или балконските врати.

Ако пушите во местото каде што живеете треба да ги перете завесите уште почесто (еднаш на 2-3 месеци), а истото важи и за завесата во кујна.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе