Обложувалниците од титулата на Лестер загубиле 20 милиони фунти

Неверојатната приказна на Лестер Сити, кој на две кола до крајот на Премиер лигата ја обезбеди првата шампионската титула во 132-годишната клупска историја, предизвика одушевување кај вљубениците на фудбалот и очај кај сопствениците на водечките европски обложувалници.

Според првите проценки, титулата која ја освои Лестер ќе ги чини обложувалниците  околу 20 милиони фунти.

„Во историјата на обложувањето, поточно откако е легализирано во 1961 година, ниту еден настан со толкав голем коефициент не бил добитен. Ова првиот таков случај“, рекол Симон Клер од обложувалницата Корал.

Коефициентот дека Лестер ќе биде шампион изнесуваше 5.000-1. Значи за една вложена фунта добивката изнесува 5.000 фунти.

„Ова е најголемото изненадување во спортот. Имаше и други изненадувања, но фудбалската сезона трае со месеци. Поради тоа сега обложувалниците плачат“, дополнил Клер.

Еден од навивачите на Лестер кој е добитен е 39-годишниот столар Ли Херберт. Пред почетокот на сезоната, во најголемата британска обложувалница Вилијам Хил, тој вложил пет фунти, а сега треба да подигне 25.000 фунти.

„Тогаш тоа изгледаше како научна фантастика, но кога бев на одмор си помислив дека момците можат да направат нешто големо. Сега навистина изгледа како научна фантастика“, порачал Херберт.

Инаку, најголема добивка од титулата на Лестер очекува еден жител на малиот град Гилдфорд, кој се наоѓа на 40 километри западно од Лондон. Овој среќник треба да добие 140.775 фунти.

Еден од букмејкерите признал дека самите обложувачки куќи се виновни за она што им се случи со титулата на Лестер, бидејќи долго ги играле добрите игри на новиот англиски шампион.

За Божиќ, кога Лестер нанижа десет натпревари без пораз, коефициентот бил 33-1.

Дел од стручњаците смета дека веќе наредната сезона обложувалниците ќе го вратат загубеното, бидејќи успехот на Лестер, ќе ги поттикне навивачите на Барнли, Бормут и останатите „помали“ клубови да се надеваат на ново чудо.

Од Скајбет признаа дека мора да исплатат седум милиони фунти, додека обложувалницата Ледбрукс ќе загуби околу 5,5 милиони фунти.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more
 

Спорт

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе