Обвинетите управни судии во „Титаник 2“ се повикале на имунитетот

Судиите од Управниот суд кои се обвинети во случајот за изборни измами „Титаник 2“ се повикале повторно на имунитетот кој Судскиот совет им го одзеде на седница во август.

Советот за оценка на обвинението при кривичниот суд не прифати за злоупотреба на службената положба да одговараат петте управни судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула кои донесуваа одлуки за прегласување во општините Чаир и Струмица. Одлуката на Судскиот совет беше резултат на барањето на судијката Верка Петковска за оценка на имунитетот на обвинетите судии.

Сега предметот по жалба на специјалното јавно обвинителство е на одлучување во Апелациониот суд, кој треба да реши дали ќе ја преиначи или потврди одлуката на првостепениот суд. Според информации на „Макфакс“, судиите изјавиле дека делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од кривичниот законик, за кое се обвинети, може да биде извршено само со директна умисла. Судиите тврделе дека немале таква намера кога гласале за приговорите по тужбите кои тогаш стигнале до Државната изборна комисија.

Во „Титаник 2“ обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, членот на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими и Анета Стефановска и Влатко Сајковски. Од бомбите што ги објави опозицијата се слуша како Мијалков и Тачи меѓусебе договараат како да се гласа за поднесените приговори до ДИК. Од Апелациониот суд не одговорија дали и за кога е закажана седницата за жалбата на специјалното јавно обвинтелство, по која ќе биде познато дали управните судии ќе одговараат за злоупотреба на службената положба.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе