Обвинетите во „Дива населба“: Водачите беа убиени откако се предадоа

Водачите на вооружената група која се судри со полицијата во кумановската „Дива населба“, Мирсад Н’дрецај и Бег Ризај и уште двајца од членовите, биле убиени откако се предале во полициска станица.

Ова го обелодени Руфки Догани, еден од обвинетите во својот воведен збор пред судот, а според неговиот адвокат токму тој се предал на полицијата заедно со дел од водачите кои биле убиени отпосле.

Друг обвинет, Насуф Зекири во воведниот збор побара овој случај да се расветли од страна на „Европејците и Американците“.

„Ние не дојдовме во Куманово да војуваме, се сеќавам на зборовите на Бег Ризај и Н’дрецај дека ние во Куманово ќе бидеме како фигури, ако дојде полицијата, нема да ги нападнеме, туку ќе пукаме во воздух. Вие ќе нé осудите, но нема да ја признаеме вината. Не сме ни први ни последни што се во политички монтирани процеси. Сите сме употребени за политички цели и никогаш нема да признаеме“, рече Зекири.

Обвинетиот Валдете Зекај рече дека во овој процес зборот „тероризам“ се употребува за да се прикрие вистината.

На денешното судско рочиште за судскиот процес „Дива населба“ воведен збор даваа адвокатите на обвинетиот и дел од обвинетите кои имаа што да додадат. Адвокатите на обвинетите за логистичка поддршка на групата тврдеа дека нивните клиенти не се никако поврзани со групата и дека не е точно дека им обезбедувале сместување на членовите на групата.

Адвокатот Љупчо Веселинковски, кој го брани обвинетиот Фадил Фејзулаху, рече дека ќе докаже дека неговиот клиент не ги сторил кривичните дела за кои се гони, не организирал сместување на членовите од групата во кумановската населба „Дива населба“, не бил сопственик на објектот во кој биле сместени членовите на групата.

Според Веселиновски, зачудува фактот дека организирањето на престојот и влегувањето на групата во Куманово се случила на 2 и 3 мај, кога во Куманово се одржуваше Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и кога градот бил полн со полиција.

„Не можам да извршам терористички акт во близина на семејството, жената и децата“, рече обвинетиот.

Одбраната на адвокатите на речиси сите обвинети кои даваа исказ одеше во насока дека обвинетите не се виновни за тероризам и дека судирот во Куманово немал никакви елементи на тероризам. Еден од адвокатите дури тврдеше дека дел од обвинетите додека биле сместени во „Дива населба“, не само што не му наштетиле на цивилното население и на граѓаните, туку дури и им помагале и го нарече ова дел „хуман тероризам“.

На минатото рочиште воведен збор дадоа првообвинетите во овој случај кои ја споменаа и улогата на ОБСЕ и ДУИ во расчистувањето на конфликтот, но не открија други детали.

Сите 29 обвинети тврдеа дека не се виновни, иако дел од нив не негираа дека биле дел од настаните во Куманово, но беа децидни дека не се виновни за тероризам и терористичка организација.

Во јавноста се појавија информации дека разузнавачи од македонските тајни служби биле вмешани во договарање на инцидентите во Куманово, а се објавија и разговори меѓу Н’дрецај и агент од македонските тајни служби.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе