Обвинителен акт против судија во Управниот суд

Скопје, 5 декември 2019 (МИА) – По сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, до Основниот кривичен суд во Скопје достави обвинителен акт против едно лице. Обвинетиот се товари дека како службено лице, судија во Управниот суд на РС Македонија, преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи дејствија што бил должен да ги преземе, сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

– Обвинетиот до неговиот избор за судијa кон крајот на 2007 година, работејќи како адвокат преземал дејствија и ги застапувал правните интереси на две физички лица, негови роднини, во оставинска постапка за градежно неизградено земјиште во Струга, со површина од 1.958,49 м2. Воедно, иако на нивниот правен претходник, по спроведена постапка за експропријација на земјиштето, со спогодба му бил определен и исплатен надомест за земјиштето што било предмет на оставинската постапка, тој повел постапка и пред Комисијата за одлучување по барањата за денационализација, соопшти денеска Јавното обвинителство на РС Македонија.

Во меѓувреме, се појаснува во соопштението, обвинетиот бил избран за судија во Управниот суд каде била поднесена тужба по основ на молчење на администрацијата против Комисијата за одлучување по барањата за денационализација во врска со предметот за денационализација, а по кој обвинетиот постапувал претходно како адвокат.

Управниот суд оформил предмет кој бил доделен во работа на обвинетиот. Во временскиот период од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година, обвинетиот, како службено лице судија, постапувајќи спротивно на законските одредби го земал преметот во работа, иако знаел дека како поранешен застапник – адвокат на тужителите не смее да постапува и е должен да се изземе од постапувањето по однос на тужбата, но тој не ја прекинал работата врз предметот и не го известил претседателот на Управниот суд за околностите. Притоа, иако поднесената тужба била неуредна, обвинетиот не го повикал тужителот да ги отстрани недостатоците, ниту ја отфрлил тужбата, туку продолжил да постапува по неа.

– Преземајќи дејствија во предметот оневозможил Државното правобранителство на Р.С.М., како заинтересирано лице, да се вклучи во управниот спор и да преземе мерки и правни средства за правна заштита на имотните права и интереси на Р.С.М., се подвлекува во соопштението.

Откако добил одговор само од претседателот на Комисијата за одлучување по барањата за денационализација, обвинетиот како претседател на совет – судија писмено го известил полномошникот на тужителите барајќи да се произнесат по повод решението, на што полномошникот на тужителите до Управниот суд на РС Македонија доставил поднесок со кој ја проширува тужбата и кон решението на Комисијата и бара Управниот суд да донесе одлука во корист на тужителите.

– Обвинетиот, како Претседател на совет – судија, иако бил должен, вака уредената тужба да ја достави на одговор до надлежното Државно правобранителство на РС Македонија за подрачје Струга, не ја доставил, туку, во рок од три дена донел пресуда, се посочува во соопштението.

Злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување, спротивно на законските одредби предметниот недвижен имот – крајбрежен појас – плажа во Струга, стои во соопштението, со пресуда го вратил во приватна сопственост на барателите иако земјиштето претставува јавно добро и не смеело да биде вратено во приватна сопственост, дотолку повеќе што за него веќе бил утврден и исплатен надомест на правниот претходник на тужителите уште во 1987 година. Во исто време, за недвижен имот со површина од 171 м2 крајбрежен појас што не смее да биде вратен во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700,00 денари во вид на обврзници за денационализација.

– Свесно и со намера да оневозможи заштита на имотните права и интереси на Р.С.М., обвинетиот не доставил примерок од Пресудата до надлежното Државно правобранителство на РС Македонија, подрачје Струга, заради право на жалба, се вели во соопштението.

Како последица на тоа надлежното Државно правобранителство на подрачје на Струга не поднело жалба, а обвинетиот со својот потпис овозможил пресудата да стане правосилна и врз основа на неа барателите да се впишат како сопственици на вратената недвижност во јавните книги на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности. Само по десетина дена тие склучиле договор за купопродажба на предметниот имот со познаник на обвинетиот. Со ваквите дејствија обвинетиот злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување ги оштетил имотот и интересите на РС Македонија и нанел штета на Буџетот на РСМ во значителен износ од 12.164.413,00 денари.

Спорниот имот од моментот на започнување на истражната постапка е обезбеден со Решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка – забрана за отуѓување.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе