Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истражната постапка за седумте македонски државјани кои се сомничат дека се поврзани со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба „Дива населба“.
До одбраната е доставено известување за законскиот рок во кој одбраната може да изврши увид во доказите, соопштуваат од Јавното обвинителство.
На 15 октомври Обвинителството ја прошири истрагата за кумановските настани и беа уапсени уште седуммина македонски државјани, на кои им беше одреден притвор.
Вкупно 29 осомничени за судирот во Куманово седнаа на обвинителна клупа и им се суди за тероризам и терористичка организација.