Обвинувања: Мајмуните во експериментите на Neuralink минувале низ екстремни болки

Компанијата Neuralink на Илон Маск, која неодамна објави дека подготвува тестирање чипови на луѓе, се најде на удар на критики од група за заштита на животните.

Од групата тврдат дека мајмуните изложени на експерименти во Neuralink минувале низ екстремни болки.

Според наводите на групата PCRM за заштита на права на животните, мајмуните врз кои се тестирани мозочните чипови биле изложени на екстремно страдање и малтретирање. Имаат и докази за тоа, а поднесоа и жалба.

Neuralink и истражувањето кое е поврзано со Универзитетот Дејвис во Калифорнија, прекршиле дури 9 ставки од американскиот Закон за добробитта на животните, вклучително и кршење на одредбата за минимизирање на болка и вознемиреност кај животните.

Ова се однесува на 23 мајмуни во сопственост на Neuralink, сместени во објект на Универзитетот Дејвис од 2017 година до 2020 година, пренесе Business Insider.

Набавени се над 700 страници документи, вклучително и ветеринарски записи и обдукции направени во истражувањето. Во тужбата се наведени повеќе примери кои покажуваат како животните неоправдано страдале, а во еден од нив е документиран мајмун без прсти на рацете и на нозете.

Џереми Бекам, кој е дел од ова истражување, изјави дека од 23 мајмуни преживеале само 7 и префрлени се во простории на Neuralink, откако ја прекинале врската со Дејвис.

„Документите откриваат дека мозоците на мајмуните се унаказени во лоши експерименти и дека животните се оставени да умрат во страдање“, изјави Бекам кој тврди дека воопшто не е мистерија зошто Илон и овој универзитет сакаат да ги сокријат доказите од јавноста.

Маск во декември изјави дека се надева Neuralink во 2022 ќе започне со тестирање на луѓе, а Бекам е скептичен во врска со безбедноста на експериментирањето кое треба да се врши на луѓе.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе