„Bad Moms“ е најновата комедија од напишана и режирана од сценаристите на „The Hangover“, што ветува забавна приказна во која секоја мајка во денешното општество ќе се пронајде.
Мила Кунис, Кристен Бел и Кетрин Хан се млади мајки кои пробуваат да се носат со притисоците и напорите на жените да бидат добри мајки за своите деца, добри домаќинки, додека паралелно работат на кариерата.
Смешниот трејлер ветува комедија што ќе понуди одлична забава. Покрај овие три, во филмот ќе ги видиме и Џеда Пикет Смит и Кристина Алпгејт.
Филмот е режиран и напишан од страна на Џон Лукас и Скот Мур - дуото зад сценариото на „The Hangover“.
Погледнете го трејлерот:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=0LwtDcyYY0s&oref=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3D0LwtDcyYY0s&has_verified=1]