Од сите агли: BMW го претстави X6 од третата генерација

Новиот (и поголем) Coupe SUV на BMW доаѓа со поголема моќност и повеќе техника, а на купувачите најверојатно ќе им се допадне можноста за осветлување на маската на ладилникот на новиот X6.

Занован на платформата по која беше правен и визуелно поконвенционалниот модел X5, новиот BMW X6 ќе се нуди во комбинација со два бензински и два дизел мотори.

Основниот бензински трилитарски шестцилиндарски мотор е задолжен за моќноста на моделот X6 xDrive40i, а моторот носи 340 коњски сили и максимален вртежен момент од 450 Nm.

X6 xDrive40i од 0 до 100 км/ч забрзува за 5,5 секунди и развива 250 км/ч.

Зад ознаката X6 M50i се крие значително помоќна бензинска верзија што ја движи 4,4-литарски V8 мотор со моќност од 530 коњски сили и максимален вртежен момент од 750 Nm.

Тоа е доволно моделот што има опција да влече приколка од 3.265 килограми да постигне забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,3 секунди и да развие (електронски ограничени) 250 км/ч.

За купувачите од Европа кои се љубители на дизел тука се верзиите xDrive30d и M50d.

Послабата дизел опција за X6 има трилитарски шестцилиндарски мотор што развива 265 кс и максимален вртежен момент од 620 Nm.

Зад ознаката M50d со иста конфигурација на моторот, BMW нуди 400 кс и максимален вртежен момент од 760 Nm.

BMW ќе го произведува новиот X6 во фабриката во САД.

Цената на основниот модел за тамошните купувачи ќе изнесува 64.300 долари, а цените за Европа уште не се објавени.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Авто новости

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе