Од титаниум и злато направен супертврд метал

Научници во лабораториски услови успеале да создадат супер тврд метал, кој претставува спој од титаниум и злато, за што студијата ја објави списанието Science Advances.

Оваа легура е најтврдата позната метална супстанција компатибилна со човековото ткиво, велат американските физичари.

Овој материјал е четири пати потврд од чистиот титаниум и е погоден за изработка на долготрајните медицински имплантати, истакнуваат научниците. Сегашните вештачки колкови корена, поради потрошноста на материјалите мора да се менуваат по десет години.

Професорката Емилија Моросан од универзитетот Рајс во Хјустон вели дека до откритието дошле работејќи на магнети од титаниум и злато.

Новиот материјал морале да го претворат во прашина за да ја проверат неговата чистота, но beta-Ti3Au, како што тој стручно се нарекува, не можел да се истолчи,

„Материјалот покажуваше поголема цврстина од сите познати легури на титаниум и злато, но и од сите други синтетизирани легури“, вели Моросан,

Додава дека цврстината во комбинација со биокомпатибилнсота ја прави оваа легура „спој на новата генерација која може значително да го продолжи траењето на денталните имплантати и вештачките зглобови“.

Новиот метал би можел да се применува и во индустријата за дупчење во потрагата по нафта и гас, производство на спортски реквизити и во многу други области, додава професорката.

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе