Одбиена жалбата на Нејмар, фудбалерот се соочува со затворска и милионска парична казна

Шпанскиот Врховен суд ја отфрли жалбата на бразилскиот фудбалер Нејмар, кој ќе мора да се појави на суд за да сведочи за наводна корупција и нерегуларности при неговиот трансфер од бразилскиот клуб Сантос во Барселона во 2013 година.

„Жалбите на Сантос, Барселона, Нејмар, неговата мајка Надин Гонсалвеш и компанијата N&N да се отфрлат обвиненијата за измама и корупција се одбиени. На оваа одлука нема право на жалба“, се наведува во соопштението од Судот.

Шпанското обвинителство бара од Националниот суд во Мадрид да го казни Нејмар со две години затвор и парична казна од 10,6 милиони долари, а исто така, бразилскиот и каталонскиот клуб да бидат казнети со седум, односно девет милиони долари.

Постапката беше покрената по жалбата на бразилскиот инвестициски фонд DIS, кој беше сопственик на 40 отсто од правата на Нејмар.

Тој фонд тврди дека е ускратен за вистинскиот надомест при трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона.

Барселона тогаш наведе дека трансферот е вреден 57,1 милион евра, дека на Нејмар му припаднале 40 милиони, а на Сантос 17,1 милиони, од што компанијата DIS добила 6,8 милиони.

Но, шпанскиот суд наведе дека трансферот вредел 83,3 милиони евра, заради што се жалеше компанијата DIS, тврдејќи дека Барселона го сокрила вистинскиот износ и и платила помал износ. 

реклама

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе