Одбиени жалбите, Груевски треба да се јави во затворот „Шутка“

Скопје, 9 ноември 2018 (МИА) – Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одби жалбите на Никола Груевски и на неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се јави во затворот „Шутка“ за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“.

Како што соопшти Судот, Решението е испратено до странките во постапката и е извршно веднаш по приемот од странките.

„По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при
Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од
одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството
означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување
санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите
во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решението
на судијата за извршување санкции“, наведува Судот.

Груевски вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе