Шведската полицајка Микаела Келнер не била на должност кога еден крадец се обидел да ја ограби нејзината пријателка, додека и двете се наоѓале во парк во Стокхолм. Облечена во бикини Микаела успеала да го совлада крадецот, трчајќи 15 метри по него.
Единаесет години Микаела работи како полицајка, а за случајот вели дека реагирала инстинктивно, пишува Daily Mail.
„Реагирав инстинктивно и не размислував многу за тоа додека не го соборив на земја. Кога седнав на него и погледнав околу себе ги видов пријателките, кои не се полицајки, како чудно ме гледаат. Сигурно целата ситуација изгледаше смешно“, вели таа.
Фотографиите од апсењето станаа хит на интернет.