Одложена еврообврзицата од 650 милиони евра

Македонија ја одложи седумгодишната еврообврзница откако опозициската партија СДСМ ја доведе во прашање легитимноста.Според агенцијата Ројтерс, издавањето било одложено откако во писмо од 14 јули испратено од СДСМ се вели дека задолжувањата немаат правна основа.

Македонија вчера излезе на меѓународниот финансиски пазар да бара максимален заем од 650 милиони евра со рок на отплата од седум години и камата од 5%.

Владата, од своја страна, тврди дека кореспонденцијата е политички мотивирана, и дека не постојат легални основи за оспорување на задолжувањето.

„Имаше голем интерес кај инвеститорите токму за оваа обврзница , но поради деструкцијата на опозицијата процесот на нејзиното издавање е одложен . Сепак издавањето ќе се одржи , но репутацијата на државата е доведена во прашање“, вели вицепремиерот Владимир Пешевски во изјава за Канал 5 . 

Премиерот Емил Димитриев вчера потврди дека овие пари ќе бидат наменети за исплата на плати, пензии и социјална помош.

„Ова што го правиме во моментов е апсолутно во прилог да имаме економска ликвидност, да имаме навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери, бидејќи оваа сума гарантира една подолгорчна макро – финансиска стабилност на државата“, изјави Димитриев.

Одлуката за издавање на еврообрзница беше објавена во Службен весник минатата недела, a вчера еврообрзницата беше понудена на странските берзи, со рочност од седум години и камата од околу пет проценти. Со емисијата на еврообврзницата требаше да управуваат Сити банк, Дојче банк, Ерсте и Сосиете Женерал. Одлуката за издавање на новата евробврзница предизвика бурни реакции во јавноста. 

Дел од економистите, бизнисмените, неваладините организации и опозициските партии алармираа дека ова задолжување ќе биде погубно за македонската економија и за идните генерации.

Инаку ова е втор пат под притисок на опозициската СДСМ, да се промени првичниот план на Владата за издавање на еврообрзница. Лани под притисок на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов сумата тогашната еврообрзница, беше намалена од 500 милиони евра на 270 милиони.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе