Двајца битолчани одмрзнувале плинска боца, при што по експлозијата што ја предизвикале се здобиле со изгореници.
Како што соопшти полицијата, вчера околу 18.50 часот во Битола на ул. „Поречка“ во куќата на В.С. (52), при одмрзнување на замрзната плинска боца со импровизирана греалка во леген со топла вода, настанала експлозија и пожар, при што В.С., како и уште едно 17-годишно лице се здобиле со изгореници од втор степен по телото, по што биле пренесени во болницата во Битола.
Пожарот бил изгаснат од страна на противпожарната служба на Битола. Увидот на местото на настанот ќе се доврши во текот на денов.