Официјално деби на новата Porsche Panamera

Porsche и официјално ја претстави новата генерација на луксузниот спортски седан Panamera, а според германската компанија, за новиот модел ги редизајнирале и подобриле сите елементи се до најситниот детаљ.

Новата Panamera има поспортски изглед од претходната генерација, а линијата на покривот повеќе потсетува на купе отколку на луксузен седан. Подолгото меѓуоскино растојание и пократката предница, заедно со поострите линии го комплетираат впечатокот дека новата Panamera е поблиску до 911 отколку до Cayenne.

Менувањето на секој детаљ се однесува и на внатрешноста, па дизајнот на ентериерот е под влијание на последната 911-ка, но со дополнителни детали како екрани со висока резолуција, и разни површини и функции кои се осетливи на допир.

На централната конзола се наоѓа 12,3 инчен екран на допир со новиот Porsche Communication Management (PCM) систем, а екрани може да добијат и патниците на задните седишта.

Покрај подобрениот изглед, Porsche тврди дека новата Panamera ќе има подобри возачки перформанси, а успешно ќе ги спојува двете контрастни карактеристики - перформансите на спортски автомобил и комфорот на луксузен седан.

На почетокот Panamera ќе биде достапна со 2.9 - литарскиот V6 турбо мотор како и со 4.0 литарскиот V8 бензинец, а за прв пат ќе биде достапна и 4.0 литарска V8 дизел верзија со погон на сите четири тркала. Сите мотори се поврзани со новиот 8-степен менувач со двојна спојка, а подобрен е и погонот на сите четири тркала.

Послабиот 2.9-литарски V6 мотор произведува 440 коњски сили и 550Nm максимален вртежен момент, а забрзувањето од 0-100 километри на час е за 4,4 секунди или за 4,2 секунди со Sport Chrono пакетот. Максималната брзина е 289 километри на час.

Најсилниот модел располага со 550 коњски сили што ги испорачува од 4.0 литарскиот бензински би-турбо V8 мотор. Забрзувањето од 0-100 километри на час е за 3,8 секунди или за 3,6 секунди со Sport Chrono пакетот, а максималната брзина е 306 километри на час.

Новина е дизелската верзија Panamera 4S Diesel која има 422 коњски сили и 850Nm максимален вртежен момент, а V8 агрегатот испорачува максимална брзина од 285 километри на час. Станува збор за најбрзиот сериски модел со дизел мотор во светот, кој има забрзување од 0-100 километри на час за 4,5 секунди и две стотинки побрзо со Sport Chrono пакетот.

Купувачите ќе ги добијат првите модели на 5 ноември, а во Германија автомобилот ќе чини 113.027 евра за Panamera 4S, 116.954 евра за 4S Diesel и 153.011 евра за најсилната Panamera Turbo.

[jw: https://www.youtube.com/watch?list=PLhPLTEHxfY0EG08f9xJAPMPqDiUZO_Ioh&v=-QfRAwg3gkM]

 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе