Оглас за прием на 125 професионални војници во Армијата – кои се условите?

Скопје, 13 ноември 2019 (МИА) – Министерството за одбрана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување е 15 дена од објавувањето на огласот.

Кои се условите за пријавување?

Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија;
  • да се полнолетни и
  • да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

  • да имаат завршено средно образование;
  • да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
  • да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

Во огласот исто така се наведува дека работното време е од 8 до 16 часот, а платата изнесува од 22.059 до 25.574 денари.

Подетални информации за јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството www.mod.gov.mk.

-Ги повикуваме сите млади и мотивирани граѓани на нашата татковина, кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот оглас, да се пријават и да станат дел од Армијата на Република Северна Македонија, која наскоро ќе биде и Армија на НАТО. Војничката професија нуди исклучителни можности за напредување, за личен развој и за напредување во кариерата, велат од Министерството за одбрана.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе