Вчера вечерта, две маскирани и вооружени лица ограбиле обложувалница во старата скопска чаршија.
Како што соопшти полицијата, околу 20.30 часот во Скопје, во обложувалница лоцирана во старата скопска чаршија две непознати лица извршиле разбојништво над вработените.
Сторителите влегле внатре и со закана со пиштол одзеле околу 80.000 денари, по што побегнале во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.