Во текот на вчерашниот ден, околу 18 часот на булевар „Никола Карев“ во Скопје, поточно во спортска обложувалница „Златна Копачка“ две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, извршиле разбојништво, при што од вработената одзеле засега неутврден паричен износ.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.