Ограбена е филијала на Македонска пошта во ресенското село Царев Двор, при што крадецот украл околу 28.100 денари.
Како што соопшти полицијата, сторителот насилно ја отворил влезната врата и влегол внатре, по што насилно го извадил и одзел сефот во кој биле парите по што го напуштил местото на настанот.
Ресенската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.